Во меѓувреме, дел од повредените започнаа да се враќаат во земјава. Првиот пациент што пристигна од Белград е на опсервација на Клиниката за токсикологија во Скопје, додека 12 пациенти вчера беа пуштени на домашно лекување. Тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за да им обезбеди соодветна терапија и нега на пациентите кои нема да имаат потреба од дополнителна хоспитализација.
Паралелно со медицинската грижа, истрагата за пожарот продолжува со нови претреси и распити. Јавното обвинителство соопшти дека се извршени претреси на пет локации во Кочани и Скопје, при што биле одземени електронски уреди и други материјални докази за понатамошно вештачење.
Според најновите податоци, истрагата досега опфатила 34 осомничени, меѓу кои 27 физички и три правни лица, како и седум полициски службеници. Досега се поднесени две кривични пријави за „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“, додека едно лице е пријавено за „примање поткуп“.
Во меѓувреме, Владата најави законски измени за построга контрола на безбедносните стандарди во угостителските објекти. Министерството за економија предложи враќање на претходниот систем на издавање лиценци, кој бара проверка на минималните технички услови пред добивање дозвола за работа.
Истрагата продолжува, а јавноста останува во исчекување на целосната одговорност за трагедијата што го потресе Кочани.