Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат делови од повеќе скопски општини. Според информациите објавени од ЕВН Македонија, прекини на електричната енергија се најавени во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец, а дел од исклучувањата ќе траат до 15 часот, додека други се продолжени до 15:30 часот.
Во Петровец, без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат корисниците во Катланово, Стари Лозја кај Фазанерија, Тотинци и селото Бадар. Дополнително, во селото Кожле прекинот ќе трае од 8:30 до 15:30 часот. Во Ѓорче Петров, од 9 до 15:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Ѓуро Салај“ и ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Во Карпош, од 9 до 15 часот прекин ќе има за дел од улиците „Лувќенска“, „Илија Палев“ и „Леринска“, додека во Аеродром од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ на броевите 8, 10 и 12. Од ЕВН наведуваат дека од 8:30 до 15 часот без струја ќе биде и селото Блаце во општина Чучер Сандево.