Пет нови земјотреси на Санторини

Од 1 февруари до денес, во регионот на Киклади се забележани повеќе од 1.100 земјотреси, меѓу кои најсилниот имал магнитауда од 5,3 Рихтерова скала.

Пет земјотреси го погодија подрачјето меѓу Аморгос и Санторини, соопштил Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина. Најсилниот земјотрес, со јачина од 5 степени според Рихтерова скала, се случи утрово во 3.14 часот, 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.

По тоа следуваа уште четири помали земјотреси со јачина 4, 4,6, 4 и 4,1 степени, кои беа забележани помеѓу 3.35 и 4.23 часот. Во 6.21 часот беше забележан уште еден земјотрес, со јачина од 4,1 степени, 230 километри југоисточно од Атина.

Овој низ на земјотреси е дел од континуираната сеизмичка активност која започна почетокот на февруари.

Од 1 февруари до денес, во регионот на Киклади се забележани повеќе од 1.100 земјотреси, меѓу кои најсилниот имал магнитауда од 5,3 Рихтерова скала.

Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Иос се затворени и оваа недела.

Општина Тира соопшти дека продолжила со спроведување на итни мерки за зачувување на работните места, вклучувајќи суспензија на договорите за работа и обезбедување финансиска поддршка за работниците.

Научниците и натаму предупредуваат дека сеизмичката активност може да трае уште месец и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во подрачјето на Неа Камени или Колумба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни