.И по половина година, раните сè уште не зараснаа – семејствата на настраданите секојдневно ја носат болката и се сеќаваат на своите најблиски. Граѓаните на Кочани велат дека градот и понатаму е обвиен со тага, а трагичниот настан останува длабоко врежан во колективната меморија.
Во изминатиот период беа организирани неколку протестни маршеви за „ангелите“ од Кочани, на кои граѓаните со свеќи, молитви и пораки за правда ја искажуваа својата болка и незадоволство.
Трагедијата, која се случи на 16 март годинава, предизвика шок и неверување, а институциите најавија истраги и мерки за да се спречат слични случувања во иднина. Но, конечна завршница на случајот сè уште нема, што дополнително ја зголемува недовербата кај јавноста.
Граѓаните порачаа дека времето минува, но болката и барањето за правда остануваат.