Пет лица згинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Марибор-Љубљана

Поради несреќата, сообраќаен метеж е создаден и во правец на Марибор, затворени се и лентите за возење и лентите за престигнување

Автопатот ШТАЈЕРСКА (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани.

Според првичните полициски информации, возачот на комбе удрил во камион што стоел во конвој, јавува 24ur.com .

Поради несреќата, сообраќаен метеж е создаден и во правец на Марибор, затворени се и лентите за возење и лентите за престигнување. 

Полициската управа (ПУ) во Целје била известена кратко пред 10:30 часот дека се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот, во близина на излезот Словенске Коњице во правец кон Љубљана.

Словенечката полиција соопшти дека со повеќе детали за сообраќајната несреќа ќе излезе во 15.00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни