Пет лица загинаа во две лавини во Австрија, тројца тешко повредени

Пет лица загинаа, а тројца се тешко повредени во две лавини во австриските Алпи. Несреќите се случиле во Салцбург и Бад Хофгастајн.

Пет лица го загубија животот во две одделни лавини што се случија во саботата во Австрија, соопшти портпаролка на планинската спасувачка служба од покраината Салцбург.

Во попладневните часови, лавина затрупала седум лица на врвот Финстеркопф, на надморска височина од 2.150 метри, во долината Гросарл. Според информациите од спасувачките служби, четворица членови на скијачка група биле пронајдени мртви, додека останатите три лица се здобиле со тешки повреди.

Претходно истиот ден, уште една лавина усмртила жена во областа Бад Хофгастајн.

Спасувачките екипи предупредуваат на зголемен ризик од лавини поради нестабилните снежни услови и апелираат до скијачите и планинарите да ги следат безбедносните препораки и временските предупредувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни