Пет лица се обвинети за корупција и врски помеѓу ЕП и компанијата Хуавеј

Обвинителството не ги открило имињата на обвинетите. Како што беше соопштено од обвинителството, вчера биле извршени претреси во просториите на Европскиот парламент.

Белгиското обвинителство соопшти дека подигнало обвиненија против пет лица во врска со истрагата за корупција и врски помеѓу Европскиот парламент и кинеската компанија Хуавеј.

Како што пренесува Ројтерс, тие лица биле уапсени минатата недела. Против четворицата е подигнато обвинение за корупција и учество во криминална организација, додека петото лице е обвинето за перење пари и пуштено на условна слобода.


Обвинителството не ги открило имињата на обвинетите. Како што беше соопштено од обвинителството, вчера биле извршени претреси во просториите на Европскиот парламент.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни