Пет лица повредени во сообраќајката кај Петровец – маглата ја намали видливоста!

Повредените биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствени установи во Скопје, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

Вчера доцна попладне, на автопатот Скопје-Велес, се случи сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди. Несреќата се случи околу 16:20 часот и во неа учествувале две патнички возила.

Повредените биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствени установи во Скопје, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

На местото на несреќата веднаш извршил увид Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, кој истражува причините за судирот.

Некои медиуми и информации од социјалните мрежи укажуваат дека несреќата можеби е последица на намалена видливост поради густата магла, особено во близина на наплатната рампа „Петровец“, каде се забележани проблеми со сообраќајот.

Се апелира на крајна внимателност кај возачите, особено кога условите на патот се тешки поради магла и намалена видливост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни