Пет лица загинале, а уште четворица се тешко повредени во експлозија во рудникот Середо во Деганја, во северната шпанска област Астурија, јавува денеска шпанскиот весник El Pais.
Меѓу повредените има лице со повреда на главата и две лица со тешки изгореници, додава весникот. Портпаролот на владата на Астурија, Гилјермо Пелез, изјавил дека причината за експлозијата уште не е позната.
Едно од повредените лица е пренесено со хеликоптер во Централната универзитетска болница на Астурија во Овиедо, две лица во болницата Вилаблино во Леон, а третата повредена личност е пренесена во болницата Кармен во Канкас дел Нарса.