Сандалите претрпеа суптилна, но значајна трансформација, а апостолките добија минималистички луксузен пресврт благодарение на брендовите како The Row, Toteme и Aeyde.
Во продолжение ви претставуваме пет модели на обувки кои ќе го одбележат летото во 2025 година – а кои ќе сакаме да ги носиме од утро до вечер.
Кломпи-сандали
Од одличните парчиња од ателјето Miu Miu, до варијациите што ги претстави Хермес, јасно е дека кломпите веќе не се резервирани за викенд одмори во природа…
Бродарици
Чевлите кои некогаш беа заштитен знак на препи естетиката, внесуваат поголема автентичност во новата сезона, притоа задржувајќи ја удобноста на која сме навикнати.
Кафеави патики
Дали обожавате патики? Тогаш веќе многу добро знаете дека ретро моделите се голем хит – од adidas Sambi до Puma Speedcat. Ова лето доминираат нијанси на чоколадна, карамела и тофи бои, кои додаваат шарм на седумдесеттите на секој аутфит.
Мокасини
Миу Миу е повторно брилијантна! Нивните модели на мокасини беа едни од највпечатливите парчиња во сезоната пролет/лето 2025 година. Има и класични пени мокасини, модели со златни детали или необични силуети – изборот е огромен.
Кожни апостолки
Благодарение на The Row, сè почесто гледаме флип-апостолки на асфалтот на градот. Минималистичките, но сепак софистицирани кожни модели сега се првиот избор на љубителите на едноставната и недооценета естетика.