На 1 јуни (недела) во Паркот на Франкофонијата во Скопје, ќе се одржи “Пет фестивал”, посветен на домашните животни, совесното сопствеништво и добросостојбата на животните.
Организаторите известуваат за присуство на над 60 експерти кои ќе ја демонстрираат својата дејност во Пет индустријата.
Кинолошкиот сојуз за прв пат ќе ги прикаже интернационалните шампиони во различни раси, нивните обележја и признанија, проследено со презентација на фотографии и визуелни материјали. Специјалната единица со кучиња (К9) при Министерството за внатрешни работи ќе изведе демонстративни вежби и откривање на забранети супстанци.
Македонската асоцијација на стилисти за миленици, заедно со учесници од Бугарија и Србија, ќе прикаже како да се одржува влакното на милениците. Исто така, ќе биде претставен и накит за кучиња, иновативно јапонско решение за орална хигиена на миленици, а ќе има и уметнички портрети на миленици во живо.
Како дел од настанот, ќе има и ликовен и детски простор.