Пет европски земји ќе тестираат апликација за онлајн проверка на возраста

Пет европски земји ќе тестираат апликација што може да ја потврди возраста на корисниците на интернет и да ги спречи децата да пристапуваат до опасна содржина, објави денеска Европската комисија.

-Системот ќе им овозможи на корисниците лесно да докажат дека имаат над 18 години, што ќе ги заштити децата од несоодветна содржина, изјави европската комесарка за технологија, Хена Виркунен.

Тоа е европски прототип што секоја земја-членка ќе може да го прилагоди според сопствените правила, во зависност од тоа дали е на сила забрана за интернет за деца на возраст од 12, 13 или 15 години.

Првите пет земји што го преземаат овој чекор се Франција, Данска, Грција, Италија и Шпанија.

Предлогот го промовираше Франција. Министерката за дигитални работи Клара Чапаз се залагаше за проверка на возраста на европско ниво за пристап до социјалните мрежи.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети на почетокот на јуни дека ќе ги забрани социјалните медиуми за лица под 15 години во Франција ако тоа не се направи на европско ниво во рок од неколку месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни