Пет европски града каде можете да купите недвижности за помалку од 100.000 долари

Замислете да поседувате удобна камена куќа во Италија, да уживате покрај море на албанската ривиера или да имате сончев стан во Шпанија – и сето тоа за помалку од цената на просечен камп-приколка.

Додека цените на недвижностите во Северна Америка постојано растат, одредени делови од Европа тивко нудат домови што се и пристапни и полни со шарм – за помалку од 100.000 долари.

Овие пет града покажуваат дека не ви треба голем буџет за да го живеете европскиот сон. Без разлика дали планирате нов почеток во странство или барате викенд куќа на интересно место, секоја од овие дестинации нуди пристапност и богата култура.

1. Валона, Албанија

Албанија одамна важи за поволна дестинација за европските туристи, а сè повеќе привлекува и американски посетители. Оваа балканска земја нуди живописна престолнина, драматични планински пејзажи и прекрасна обала долж Јадранското и Јонското Море.

Една од најпосакуваните локации е Валона – крајбрежен град со богата историја и убави плажи. Тука можете да купите недвижност за 100.000 долари – или далеку помалку. На пример, убаво наместен дуплекс со две спални чини само 77.742 долари, додека стан со две спални на само еден блок од плажа се продава за 90.500 долари.

2. Абруцо, Италија

Италија е позната по екстремно поволни недвижности – некои куќи се нудат дури и за симболично 1 евро. Но, тие најчесто се во лоша состојба и бараат обемна реконструкција. Затоа е полесно да купите куќа подготвена за вселување за нешто повисока, но сè уште поволна цена.

Регионите како Абруцо – недоволно познат дел од јужна Италија со многу национални паркови и обала на Јадранско Море – нудат одлични можности. Камена вила со четири соби во селото Болонјано се продава за 65.150 долари, а куќа со три соби, со поглед кон езеро и планини, во местото Бомба – за околу 73.000 долари.

3. Олвера, Шпанија

Шпанија е земја со богата историја, култура, кујна и уметност – и разновидни пејзажи од заснежени планини до тропски острови и атлантски и медитерански брегови. Иако веќе е популарна туристичка дестинација, се предвидува дека до 2040 година ќе ја надмине Франција и ќе стане најпосетена земја во светот.

Но, и покрај големата побарувачка, сè уште може да се најдат поволни недвижности во помалку познати региони. Таков е примерот со Олвера – „бел град“ во покраината Кадиз, каде сите куќи се бело варосани. Куќа со три спални и висока тераса со речиси панорамски поглед се продава за околу 73.000 долари.

4. Солун, Грција

Грција е легендарна дестинација – полна со историја, митологија и сонувачка обала. Нејзината популарност кај Американците расте – оваа година се воведени 21 нов директен лет од САД. Таа е една од ретките земји во ЕУ што сè уште нуди „златна виза“ за купувачи на недвижности.

За поволни цени и целосно медитеранско искуство, Солун – вториот по големина град во земјата – е совршена комбинација. Со антички локалитети, богата гастрономија и жив ноќен живот благодарение на студентската популација, тој нуди сè. Стан со една спална соба може да се купи за 84.000 долари.

5. Бургас, Бугарија

Бугарија, често занемарена дестинација во југоисточна Европа, излегува на Црно Море и граничи со Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и Романија. Членка е на ЕУ од 2007 година, но сè уште ја користи својата валута – бугарскиот лев.

Бургас, крајбрежен град на Црното Море, нуди многу поволни станови. Наместено студио близу до плажа чини околу 56.160 долари, а стан со две спални и хотелски погодности – 98.500 долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни