Секое лето буди во нас желба да си играме со бои, да ги замениме безбедните неутрални тонови со нешто посветло, поживо и посмело. Но, да бидеме искрени: не секоја комбинација на бои изгледа подеднакво елегантно. Некои комбинации едноставно имаат моќ да изгледаат скапо, промислено и уредно стилизирано.
Токму затоа се обративме до модните инсајдери, оние кои секојдневно ги поместуваат границите на стилот, но во исто време знаат дека играта на бои не мора да биде агресивна за да биде ефикасна. Напротив. Кога ансамблот е тонално координиран, две бои можат да ја раскажат целата стилска приказна, без дополнителни детали.
Доколку немате време да создавате модни загатки пред огледалото (и искрено, кој има?), подолу, откријте ги петте комбинации на бои што стилските девојки на Инстаграм ги избираат за летото 2025 година.
Браон + златна
Исончан тен, нежна плетенка во боја на какао и златен ремен што ги фаќа сончевите зраци токму на вистинските места… Комбинацијата од топли кафеави тонови и сјајно злато зрачи луксуз, совршено вткаена во стилот на италијанските жени.
Песочна + црвена
Неочекувана комбинација, но помоќна отколку што мислите. Беж тонови се смирувачки, додека црвената носи живост и енергија. Најдобро функционира со минималистички кроеви и еден смел детаљ, како светло црвени апостолки или воздушести балетанки à la Alaïa.
Светло сина + жолта
Оваа палета зрачи свежина, како мирис на лимон измешан со морска пена. Замислете свилена фустанка во нијанса на летно утро, во комбинација со чанта во популарната жолта боја… Ќе изгледате неоптоварено, свежо и неодоливо тренди.
Бордо + бела
Кога белата боја ви изгледа премногу едноставна, додадете неочекувана доза на софистицираност со додавање на бордо. Веројатно не сте го сфатиле тоа, но овие бои совршено се вклопуваат – без разлика дали преку пруги, фустани, здолништа или како акцентен додаток во прекрасни вински тонови.
Тиркизна + црна
За љубителите на стилот на стари пари, оваа модна формула би можела да стане апсолутен фаворит. Темно зелената, позната и како тиркизна, внесува допир на боја без да биде премногу впечатлива, додека црната ја обезбедува потребната структура и сериозност.