„Песна за неговата песна“ 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист

Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно-информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски.

На 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус.

Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години.

Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност.

Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски.

Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист.

Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“.

Песна за нејзината песна

Немаше земја кај што не ја сретнав неа, оти без неа бев никој и никој не ме познаваше.

По нејзината воздишка го запомнував воздухотза да можам да ја стигнам, незабележан од никого,но таа беше побрза од сите небесни светлини,зашто секаде сама си го осветлуваше патот.

Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко,главата ми ce полнеше со запаливи течности, бели и црвени дождови капеа од овошките, житата и шумите ја следеа во групни походии cè околу неа ја добиваше нејзината форма.

Кај што јас влегував, таа излегувашеи од отворите ја мразев само нивната празнина.

Me рануваше како невеста, ме целеше како сестраблажената ноќ што ја открив во неа.

Бев првиот иследувач на таа топла темницанеисцрпна како ѕвездите и бесцените камењакои вечно ce празнат, a никако да ce потрошат.(Каков страв ce пребра во допирот со таа кожашто болскаше и заоблуваше како свртено вретено).

Огнот и водата добиваа паралелна брзинаи во збирот љубовен постојано ce одземаа.

Cè што ce уништуваше беше заради неаи cè што ce обновуваше беше заради неа.

Така светот ce делеше на видлив и невидлив, на неослободени земји и на земји во развој, но немаше земја кај што не ја сретнав неа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни