Пешачењето после јадење помага во регулирањето на шеќерот во крвта

Според лекарите, најдобро време за прошетка е рокот од 60 до 90 минути по јадењето, бидејќи тогаш нивото на шеќер во крвта го достигнува својот врв.

Само две минути пешачење после оброк може да помогне во регулирањето и намалувањето на нивото на шеќер во крвта, а следствено – и за помала можност за развој на дијабетес тип 2.

Според лекарите, најдобро време за прошетка е рокот од 60 до 90 минути по јадењето, бидејќи тогаш нивото на шеќер во крвта го достигнува својот врв. Лесните прошетки се полезни и за луѓето кои веќе имаат дијабетес или висок крвен притисок. Одењето, но и стоењето може позитивно да влијае на нивото на шеќер. Инаку, прошетката после оброк има и други придобивки – особено ако е подолга, наведува порталот „Кликс“.

По оброкот, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на шеќерот. Одржувањето на шеќер е клучно во управувањето со дијабетесот, а со активно ангажирање на мускулите за време на одење, тие всушност го апсорбираат вишокот шеќер од крвотокот.

Прошетката после вечерата, исто така, ослободува серотонин којшто помага за подобар сон, го регулира апетитот, поттикнува позитивно размислување и ја подобрува меморијата.

Дополнително, пешачењето позитивно влијае на регулација на работата на цревата, оптимизација на лимфниот систем и подобрување на циркулацијата. Покрај сето тоа, важно е пешачењето да биде пријатно, привлечно и на крајот да Ви стане омилено хоби после оброците. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни