Перуански суд го осуди поранешниот претседател Кастиљо на 11,5 години затвор

Поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо, е осуден на 11,5 години затвор поради обид за бунт и заговор против државата, само еден ден по пресудата за друг поранешен претседател.

Поранешниот левичарски претседател на Перу, Педро Кастиљо, е осуден денес на 11,5 години затвор за бунт и заговор против државата крајот на 2022 година, кога тој безуспешно се обидел да го распушти Конгресот и да преземе овластувања надвор од претседателските, пренесува Ројтерс.

Кастиљо е осуден само еден ден по пресудата за друг поранешен претседател, Мартин Вискара, кој доби 14 години затвор за примање мито во период пред да стапи на должност.

За време на завршната изјава на одбраната минатата недела, поранешниот претседател ги отфрли обвиненијата за бунт, наведувајќи дека кога се обидел да го распушти Конгресот, тој само го прочитал „документот без последици“.

Оваа пресуда ја означува нова фаза на судски процеси против поранешни претседатели во Перу, кои се соочуваат со сериозни обвиненија за злоупотреба на овластувањата и корупција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни