Персоналот на хотелот му носел дрога на Лијам Пејн во кутија за сапун

Според новите информации за случајот со починатиот пејач, собарката и уште еден вработен во хотелот наводно криеле дрога во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Лијам, а во истрагата се вклучил и неговиот телохранител Пол Хигинс.
Фото: Ashley Newby/Flickr

Пејачот Лијам Пејн почина на 16 октомври како последица на пад од третиот кат на хотелот CasaSur во Буенос Аирес.

Со оглед на тоа дека неговата смрт е сомнителна, локалната полиција го претресува хотелот и ги испрашува вработените, а со нив е и телохранителот на Лиам, Пол Хигинс, пишува Mirror.

Хигинс е виден како прегледува безбедносни снимки со полицајците и интервјуира неколку вработени во хотелот во обид да открие кој наводно го снабдувал покојниот пејач на One Direction со дрога.

Според овој медиум, во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на смртта на Лијам, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата.

Полицајците веќе разговарале со двајца работници кои се осомничени дека му ја донеле дрогата на Лиам.

Наводно, собарка и уште еден вработен во хотелот, чие занимање не е наведено, ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови од обдукцијата на телото на Лиам открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни