Персоналот на Елон Маск никогаш не смее да го постави ова прашање: Протече документ со строги правила на милијардерот

Маск е сè уште најбогатиот човек во светот.


По сајбер нападот врз „НетЏетс“, протече документ во кој се откриваат правилата на однесување во неговиот авион што милијардерот строго ги дефинирал.

Строгите правила на Илон Маскавезан за неговиот приватен авион беа објавени во јавноста.

53-годишниот милијардер, кој работи во администрацијата на Трамп како виш советник на претседателот, постави две правила што секој мора да ги почитува во неговиот омилен приватен авион (да, тој има два), Gulfstream G650ER. Авионот нормално има 18 седишта, а оние што патуваат со Маск, вклучувајќи го и кабинскиот екипаж, мора да почитуваат одредени правила, пишува Блумберг.

„Господин Маск мисли дека си е самиот доволен за себе“

По кибернападот на „НетЏетс“, протече документ во кој се открива правило број еден: никогаш не смеете да го прашувате Маск дали му е потребна помош со технологијата.

„Господин Маск мисли дека е самиот си е доволен за себе и не му е потребна помош со технологијата – ако му е потребна, ќе побара.“ Значи, персоналот, на пример, не може да го праша дали му е потребна помош за поправка на WiFi-то.

Без бучава, ве молам

Друго важно правило е дека персоналот мора да има предвид дека Маск не сака бучава, како на пример вентилацијата во авионот. Покрај тоа, температурата во кабината мора да се одржува на околу 18 степени Целзиусови.

Исто така, разговорот со милијардер не е пожелен. Според објавениот документ, Маск „сака да лета што е можно побрзо и директно и не е заинтересиран за заштеда на гориво“. Исто така, во документот се наведува дека Маск сака светлата во кабината да бидат пригушени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни