Перо Кованцалиев со „Дамки“ – ја доби наградата на изложбата „Голем формат“ на ДЛУМ

Уметникот Перо Кованцалиев за своето дело „Дамки“ доби пофалница за најдобро дело на изложбата „Голем формат“ што синоќа беше отворена во Домот на армијата. Изложбата ја организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Делото „Дамки“ произлегува од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“ и „Политичка лирирност“ кои во својата основа се концепт кој говори за важноста на одржливиот развој, објаснува уметникот.

– Делото е изработено од микро честиците кои согоруваат од материјата односно опадот. Во овој случај тоа е текстилен отпад односно мојата стара кошула. Со делата кои произлегуваат од овој концепт повикувам на поголема свесност во овој потрошувачки свет односно на етички конзумеризам. Бидејќи секој отпад вклучувајќи го и согорениот останува овде со нас. А овие дамки стануваат микро материјата во нашето секојдневие – вели Кованцалиев.

Изложбата ќе биде отворена до 6 ноември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни