Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ денес на сцената во Куманово

Во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и во соработка со Интерарт културниот центар, денес со почеток во 12 часот на сцената во Домот на културата во Куманово ќе биде изведен Перформансот за јакнење на родова еднаквост со наслов „Простор за разговор“.

Настанот е дел од низата културни настани од проектот „Простор за разговор“, чија цел е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се искоренат стереотипите и заеднички да се подигне свеста за родовата еднаквост.

Настанот се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.

Освен во Куманово „Простор за разговор“ во следните 10 дена ќе се одржи во Штип, Велес, Битола, Охрид и Струга.

Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект  за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни