Во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и во соработка со Интерарт културниот центар, денес со почеток во 12 часот на Малата сцена во Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ во Велес, ќе биде изведен перформансот за јакнење на родова еднаквост со наслов „Простор за разговор“.
Изведбата е дел од низата културни настани од проектот „Простор за разговор“, чија цел е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се искоренат стереотипите и заеднички да се подигне свеста за родовата еднаквост.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia), во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.