Делото, кое досега ја доби наградата од публиката и специјалната награда „Јован Ќирилов“ на престижниот БИТЕФ фестивал во Белград, го реконструира долгогодишниот процес на борба за репродуктивни права во Југославија, отворајќи го прашањето за сексуалното образование и правото на телесна автономија во историски и современ контекст.
Во фокусот на перформансот се животните приказни на Вида Томшич — партизанка и истакната југословенска политичарка — и д-р Франц Новак — гинеколог и нејзин сопруг, низ кои се прикажува еволуцијата на југословенската политика за планирање на семејството, абортусот и сексуалното образование. Особено значајно е актуелизирањето на овие теми денес, кога во многу општества повторно се преиспитуваат правата на жените врз сопствените тела
Режијата е на Тјаша Чрнигој, а на сцената ќе настапат Лина Акиф и Сузана Крех. Во продукцијата се вклучени бројни авторки и автори од областа на сценографијата, костимографијата, истражувањето и аудиовизуелната поддршка, додека за музичката селекција се погрижија самите членови на креативниот тим.
Изведбата во Скопје ќе се одржи на невообичаена сцена — во различни простори од Железничката зграда на ул. Борка Талески 26, благодарение на станарите и во соработка со Лабораторијата за просторни и сценски истражувања на ФРУ.
Билетите се достапни по цена од 300 денари на: www.drugastrana.mk.
По изведбата ќе следи разговор со режисерката Тјаша Чрнигој, овозможувајќи им на гледачите продлабочена дискусија за актуелноста на темите кои ги отвора перформансот.
Настанот се реализира во рамки на јунската соработка меѓу СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини, ПРВО ПА ЖЕНСКО на Тиииит! Инк. и ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА на Локомотива, а е поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation Embassy of Sweden in Skopje Equality Fund Global Fund for Women.