Во четврток на 15 август во 20.00 часот во Галеријата на Факултетот за Ликовни Уметности ќе се одржи перформансот „Матрицата како ринг“ на Станислав Пјатрик и Петер Валиска-Тимечко.
Се работи за перформанс на двајца визуелни уметници кои ги напаѓаат своите сенки со моторни пили додека создаваат матрица за графичко печатење. Резултатот од нивниот перформанс е трансформација на галеријата во борбен ринг, каде се врши истовремено уништување на старото и создавање на нешто ново. Перформансот ќе се одржи на отворањето на изложбата. На отворањето ќе има борба во рингот, каде што двајцата актери, осветлени со силни халогени светла, со употреба на „оружја“ – нетрадиционални графички алатки (моторни пили) ќе ги нападнат своите сенки.