Перформанс Screenagers vol.2 интерактивна претстава во организација на Францускиот институт и Млад отворен театар – МОТ

Станува збор за перформанс кој е налик на „DIY“ мјузикл кој Мешајќи стенд-ап комедија, конференција, концерт и видео-џокеј, прави осврт на начините на кои интернетот остава трага на човековиот животот: феноменот на интернет заедниците, е-учењето, музичката разнобојност, видео игрите, колективната култура

Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината, Францускиот институт во Скопје во содејство со фестивалот Млад отворен театар – МОТ, во сабота на 16 ноември во 19 часот, организираат несекојдневна интерактивна претстава наменета за широка публика.

Станува збор за перформанс кој е налик на „DIY“ мјузикл кој Мешајќи стенд-ап комедија, конференција, концерт и видео-џокеј, прави осврт на начините на кои интернетот остава трага на човековиот животот: феноменот на интернет заедниците, е-учењето, музичката разнобојност, видео игрите, колективната култура итн.

Перформансот Screenagers vol.2 e создаден од страна на Барбара Матијевиќ и Џузепе Чико и се одвива на англиски јазик.

Дознајте повеќе за настанот на следниот линк : https://ifs.mk/spectacle-interactif-screenagers-vol-2/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни