Перформанс на Маја Зеќо – „Одбрана и заштита“ во КПЦ Јадро

Овој моќен перформанс е дел од нејзината тековна изложба „Нарушени иднини“ во КСП Центар- Јадро.

Премиерата на перформансот „Одбрана и заштита“ на уметницата Маја Зеќо, ќе се одржи во четврток, 19 јуни со почеток во 19:30 часот. Перформансот ќе биде кај споменикот на Цар Самоил на Плоштад Македонија, и ќе трае околу 90 минути. Публиката може да го проследи целиот перформанс или дел од него.

,Овој моќен перформанс е дел од нејзината тековна изложба „Нарушени иднини“ во КСП Центар- Јадро. Овој перформанс претходно е изведен во Загреб и Лондон.Во „Одбрана и заштита“, уметницата носи засилен костим со вградени звучници кои емитуваат звуци од воени дронови и поврзани фреквенции.

Делото се осврнува на постепеното губење на нашето колективно чувство на сигурност и на потребата сè повеќе сами да се грижиме за сопствениот опстанок во денешниот, крајно сложен глобален политички контекст.

Публиката е поканета активно да учествува: на лице место ќе биде достапен QR-код со кој присутните ќе можат да се приклучат и да ги репродуцираат звуците преку своите уреди.

Изложбата „Нарушени иднини“е отворена во Јадро до 26 јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни