Перформаност „Во моите чевли“ во Лаборториум

На 14 ти јуни во 20 часот, во Лабораториум ќе биде изведен перформаност „Во моите чевли“, сплет на современ танц, актерска игра, музика, видео и елементи од кловновство.

„Преку сите овие елементи, на доста невообичаен и интересен начин се раскажува приказна за соочувањето со анксиозност, страв, опсесивно компулсивно однесување и предизвиците на растењето и созревањето. Заедно, ќе патуваме низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет. Оваа приказна во себе содржи многу хумор и може да наликува на перформанс наменет за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за живеење со отворено срце и пронаоѓање на убавините, дури и во тешките моменти на животот„ се вели во најавата за перформансот.

Автор и изведувач е Јована Зајкова,

Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ, а свој придонес во одредени фази од развојот и изработката имаа и Слаѓана Вујошевиќ, ДМБУЦ Илија Николовски Луј, Спортски аеродром Стенковец, Балетско студио Балерина и Танцов спортски клуб Денсерс јунајтед.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни