Peppermint носат ментол-свежа вечер во МКЦ

Peppermint доаѓаат во МКЦ на 15 мај со концертна вечер полна со музика, гости и ментол-свежа атмосфера.

На 15 мај 2026 година, Peppermint доаѓаат во МКЦ – Скопје, носејќи вечер што ветува многу повеќе од обичен концерт. Заедно со нив на сцената ќе бидат и Преку Ред, Лоши Деца, Кацар MC, Дина Јашари и Игор Џамбазов, во настан што најавува многу љубов, забава, уживање и насмевки.

Peppermint се бенд што упорно и со цело срце се обидува да ве пренесе во еден поинаков свет – бајковит, разигран, полн со љубов, среќа и ментол-свежа атмосфера. Нивната музика не бега од реалноста, туку се обидува да ѝ даде поубав агол: да ги оттурне лошите мисли, да го направи денот полесен и животот барем малку поубаво патување.

Концертот почнува во 21:00 часот, а билетите се по цена од 500 денари и се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни