Peppermint носат „ментол-свежа“ музичка вечер во МКЦ

Бендот на 15 мај во Младинскиот културен центар најавува вечер исполнета со музика, гости и „ментол-свежа“ атмосфера.

Македонскиот бенд Peppermint најавува концерт во Младинскиот културен центар во Скопје, кој ќе се одржи на 15 мај со почеток во 21 часот.

Концертот ветува вечер исполнета со музика, енергија и гостувања на повеќе домашни музичари. На сцената со Peppermint ќе настапат и Преку Ред, Лоши Деца, Кацар MC, Дина Јашари и Игор Џамбазов.

Организаторите најавуваат настан со „ментол-свежа“ атмосфера, исполнет со љубов, забава и позитивна енергија, во препознатливиот стил на бендот.

Peppermint ги покануваат сите љубители на музиката на незаборавна вечер во МКЦ, која ќе донесе добра музика, насмевки и заедничко уживање со публиката.

Билетите за концертот се по цена од 500 денари и се достапни онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни