Пепа Пиг доби сестра: Откриено името на новиот член на семејството

По првпат во последниве 20 години, анимираната серија Пепа Пиг воведува нов член во семејството – сестра по име Еви. Оваа вест предизвика големо внимание кај обожавателите на серијата која веќе две децении ги следи авантурите на Пепа, нејзиниот помал брат Џорџ, Мама Пиг и Тато Пиг.

Во февруари беше објавено дека Мама Пиг очекува бебе, а во април беше потврдено дека се работи за девојче. Сега е официјално – новороденчето се вика Еви, име дадено во чест на тетката на Мама Пиг.

Публиката ќе може да ја запознае малата Еви во специјалната епизода со наслов Пепа се среќава со бебето, која ќе се прикажува во кината на 30 мај. Редовните епизоди со новата членка на семејството ќе започнат да се емитуваат од есен.

Во емисијата Добро утро Британија, беше објавено дека Мама Пиг родила девојче во 5:34 часот наутро во крилото Линдо на болницата Сент Мери во Падингтон, Лондон – познато по тоа што таму се родени и сите три деца на Кејт Мидлтон. Според серијата, и Мама и Тато Пиг со насмевка се подготвуваат за „многу среќни грчеви и бессони ноќи“.

Гласот на Мама Пиг го позајмува актерката и комичарка Морвена Бенкс, додека улогата на Пепа од 2020 година ѝ припаѓа на Амелија Би Смит.

Со доаѓањето на бебето Еви, Пепа Пиг отвора ново поглавје и уште еднаш покажува зошто останува омилена меѓу најмладата публика ширум светот.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни