Пензионираните пилоти Васко Михалчев и Стоје Арсовски се вратија за да се борат со пожарите

Фото: Томислав Георгиев за Делегација на ЕУ

Васко Михалчев е пензиониран пилот кој реши да ги стави на пауза пензиоерските денови за да се врати и да помогне да се изгаснат пожарите низ земјава. Тој е еден од двајцата пилоти кои се вратија од пензија да управуваат противпожарни авиони.

„Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им одадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистинските херои. Ви благодарам на сите за убавите зборови“, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Покрај Михалчев, со Ер тракторите за гасење на пожарите леташе и пензионираниот пилот Стоје Арсовски.

Најново

Последни колумни