Пензионерка го продала имотот за да плови низ светот, од бродот ја избркале поради пораки на WhatsApp

Американка решила своите пензионерски денови да ги помине крстарејќи низ светот, но поради нејзините поплаки на WhatsApp, овој план ѝ паднал во вода.
Фото: Sludge G, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Џени Феникс (68) од Флорида го продала својот имот за да може три години да патува низ светот со бродот за крстарење „Villa Vie Odyssey“. Но нејзиниот сон бил скршен кога и било забрането да се качи на бродот поради пораките кои ги праќала преку WhatsApp.

Во група на WhatsApp, Феникс го изразила своето незадоволство поради четиримесечното одложување на пловењето, што го нарушил нејзиниот план да земе некои работи од Мајами. Таа, исто така, изразила загриженост дека работата на бродот може да продолжи и по тргнувањето, принудувајќи ја да користи привремена кабина.

По овие пораки таа добила известување дека договорот ѝ е раскинат поради „однесување кое негативно влијае на моралот на заедницата“. Кети Вилалба, главен оперативен директор на бродот, рече дека добиле десетина поплаки од останатите патници за нејзините постојани поплаки и негативен став.

Џени тврди дека никогаш не била груба и дека тоа биле приватни разговори. Според неа, фрустрацијата на патниците растела поради постојаните доцнења, а многумина ѝ се заблагодариле што поставувала важни прашања во нивно име.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни