Седум американски војници се повредени во акција во Каракас, Венецуела, во која американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро, соопшти Пентагон.
Во соопштението се наведува дека од повредените, пет веќе се вратиле на должност, додека двајца сè уште се опоравуваат од повредите, пренесува АП.
Американски официјален претставник под услов на анонимност за агенцијата изјавил дека повредите се од куршум и од шрапнел.
Извор: ТАНЈУГ
