Пентагон признава: САД уште се двоуми дали да ја повлече војската од Европа

Единствениот човек кој ќе ја донесе одлуката за структурата на американските сили во Европа ќе биде претседателот на САД, Доналд Трамп, врховнот командант

САД се уште не донеле одлука за понатамошното американско воено присуство во Европа, и таа ќе биде донесена по преговорите помеѓу Москва и Вашингтон, соопшти е шефот на Пентагон, Пит Хегсет.

„Единствениот човек кој ќе ја донесе одлуката за структурата на американските сили во Европа ќе биде претседателот на САД, Доналд Трамп, врховнот командант. Продолжуваме со дискусии, вклучувајќи ги и во контекст на преговорите помеѓу Украина и Русија во врска со тоа како треба да изгледа нашето воено присуство на континентот“ – истакна Хегсет на заедничката прес-конференција со министерот за јавна безбедност на Панама, Франк Абреа, на прес-конференцијата која ја пренесуваше Пентагон на својот вебсајт.

Претходно, помошникот на рускиот претседател, Николај Патрушев, изјави дека Европа, особено земјите кои се соседи на Русија, ќе се обидат да го спречат процесот на нормализација на руско-американските односи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни