Пентагон истражува протекување на доверливи информации

Министерството за одбрана на САД спроведува внатрешна истрага за „протекување на информации за националната безбедност“, но не прецизираше за што се работи.

Во дописот на началникот на Генералштабот до секретарот за одбрана, Пит Хегсет од синоќа, се споменува „неодамнешно неовластено откривање“ на таквите информации.


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли тврдењата дека неговиот советник Илон Маск ќе биде информиран за тоа како САД хипотетички ќе војуваат со Кина.

-Доколку истрагата утврди кој е одговорен за неовластено објавување информации, ќе следи кривично гонење, се наведува во меморандумот.

Секретарот за домашна безбедност, Кристи Ноем вети овој месец дека ќе го засили тестирањето на персоналот со детектор за лаги за да се утврди кој би можел да објави доверливи информации во медиумите.

Министерството за правда вчера објави истрага за „селективно протекување на неточни, но сепак доверливи, разузнавачки информации“ за венецуелската банда „Трен де Арагуа“, чии членови во САД се цел на администрацијата на Трамп

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни