Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, Гог, Магдебург, Пик Сегед и Загреб се противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лигата на шампионите.
Ждрепката го смести тимот од Битола во групата Б, која е за нијанса посилна од групата А
Во групата А ќе играат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Нант, Кјелце, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, и Колстад.
Сезоната ќе стартува на 10 и 11 септември 2025 година.
Екипите како и досега се поделени во две групи, во кои ќе се играат 14 кола (дома и гости).
Двете првопласирани од групите ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето, а оние од 3 до 6 место ќе играат во првата нокаут фаза односно осминафиналето.