Пеколот во Лос Анџелес штотуку започнува!

Во пожарите низ областа Лос Анџелес загинаа најмалку 25 луѓе, уништија повеќе од 12.000 објекти и изгореа речиси 100 квадратни километри од територијата на Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба соопшти дека опасни услови се очекуваат и следната недела.

Властите соопштија дека најопасните и најголемите пожари, Палисадес и Итон, продолжуваат да горат.

Официјални лица рекоа дека десетици илјади луѓе во областа на Лос Анџелес остануваат под наредба за евакуација, иако претходните наредби се укинати. Исто така останува во сила и полицискиот час од 18 часот до 6 часот наутро за опожарните зони Палисадес и Итон.

Американската национална метеоролошка служба предупреди дека лошите временски услови во Лос Анџелес, би можеле да се вратат и следната недела, иако очекувањата се стишување на  ветровите до следната среда.

„Добрата вест е што очекуваме да ја добиеме многу потребната пауза од тешките временски услови и шумските пожари оваа недела, но лошата вест е дека следната недела ќе биде многу загрижувачка“, соопшти канцеларијата на метеоролошката служба во Лос Анџелес на социјалните мрежи.

„Иако сме убедени дека нема да ги видиме сцените од минатата недела, сепак очекуваме опасни временски услови предизвикани од пожарите“, соопшти американската Национална метеоролошка служба, а пренесува CBS News.

.

„Сув воздух и силни ветрови се очекува да продолжат во некои локални области до четврток“, соопшти метеоролошката служба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни