Поетот Тихомир Јанчовски, во поетската едиција на Книгоиздателството Макавеј го објави новиот поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус.
Новата стихозбирка на Јанчоски донесува педесетина нови песни и е поделена на циклусите „Обиди се да сфатиш“, „Годините врват“, „Секогаш од љубов“ и „Куќа за птици.
Оваа нова поетска објава на Јанчовски е проследена со поговор на авторот Душко Крстевски во кој се расветелени тематките и стилските одлики на новите песни кои се надоврзуваат на продуктивниот книжевен залет од последните неколку години со кој поетот го зцврсти својот книжевен придонес во тековите на современата македонска литература.
Крстевски, меѓу другото, со своите оценки поентира: – Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај
и разочарување.
За потсетување, македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил општа и компаративна книжевност на УКИМ има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни.
Книгата може да се купи во е-продавницата на издавачката куќа „Макавеј“ -> https://makavej.com.mk/shop/pekolot-e-malo-mesto/ и во книжарниците во центарот на Скопје.