Над 350.000 хектари изгорени од почетокот на годината во Европа

Јужна Европа се соочува со масивни шумски пожари во едно од најжешките и најтешките лета во последните години, поттикнати од екстремни топлотни бранови.

Во јужна Франција, пожар зафати површина поголема од Париз, во регионот Од, при што жешките, суви ветрови дополнително го отежнуваат гаснењето. Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени. Стотици пожарникари беа испратени за да го спречат ширењето на огнената стихија.

Во Италија, туристичките патеки на Везув беа затворени во неделата поради пожар на падините на вулканот. Во Фиренца се очекуваат температури до 40°C во среда.

Шпанија се соочува со големи пожари кои уништуваат десетици илјади хектари и предизвикуваат евакуации, вклучително и во села заштитени од УНЕСКО. Од почетокот на годината до 3 август, изгореле 39.155 хектари, што е 9% повеќе од лани, но 37% помалку од десетгодишниот просек.

Во Португалија, повеќе од 2.000 пожарникари се борат со 10 активни пожари. Од јануари досега се уништени 42.000 хектари земја – површина пет пати поголема од Лисабон. Еден 50-годишен маж е уапсен под сомнение дека предизвикал четири пожари за време на викендот.

Балканот, вклучувајќи ги Косово, Албанија и Северна Македонија, исто така се соочува со повеќе активни пожари и продолжени топлотни бранови.

Од почетокот на 2025 година, во Европа изгореле над 350.000 хектари, а регистрирани се најмалку 1.478 пожари, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни