Пекол во Македонија: 33 пожари за едно деноноќие – еве каде сè гори!

До 08:00 часот утринава, Македонија брои вкупно 33 пожари на отворен простор, покажуваат податоците од Центарот за управување со кризи. Од нив, 3 се сè уште активни, 2 под контрола, а 28 се изгаснати.

Најкритично е во општина Македонски Брод, каде со пожарот гори мешана шума во заштитеното подрачје „Јасен“, како и во селата Радуша и Крапа.

Под контрола се пожарите во Крива Паланка и Кичево, а списокот на изгаснатите опожарени површини е долг – од Куманово и Јегуновце, преку Радовиш и Прилеп, па сè до Битола и Струга.

Властите апелираат за претпазливост и потсетуваат дека високите температури и ветерот дополнително го зголемуваат ризикот од нови пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни