Пејковски за Иво Андриќ и Петре М. Андреевски: Балканската историја, човечката судбина и литературата како огледало

Во своето излагање, Пејковски ги претставил Андриќ и Андреевски како автори кои преку своите дела отвораат суштински прашања за историјата, човечката судбина и литературата како духовно огледало.

Во организација на Институтот за Балканистика при Бугарската академија на науките – БАН, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, одржа предавање посветено на двајца книжевни великани – нобеловецот Иво Андриќ и македонскиот писател Петре М. Андреевски.

Во своето излагање, Пејковски ги претставил Андриќ и Андреевски како автори кои преку своите дела отвораат суштински прашања за историјата, човечката судбина и литературата како духовно огледало.

За Андриќ, професорот нагласил дека неговата проза одамна ги надминала регионалните рамки и денес претставува универзален говор на мудроста и издржливоста. Симболите како мостовите, реките и камените куќи, според него, се хроничари на историјата и сведоци на човечките космоси.

Посебен акцент бил ставен и на делото на Петре М. Андреевски, кој преку својата поетика го преобразува народното искуство во висока литература. Пејковски го истакнал романот „Пиреј“ како „епска минијатура на македонското страдање и отпорност“, каде личната болка станува историја на целиот народ.

„Андриќ е аналитичар на балканската историја, хроничар на империите и човековата позиција под товарот на големите сили, а Андреевски е великан на македонскиот дух, творец кој ја возвеличува судбината на својот народ до височини на вечност“, посочил Пејковски.

Во заклучок, тој подвлекол дека делата на овие двајца автори не се само книжевни врвови, туку морални и духовни патокази кои нè учат дека историјата може да се претвори во мудрост, а страдањето во сила за иднината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни