Peggy Gou ја промовираше „Find the Way“ во соработка со Coke Studio во јужна Италија

Популарната диџејка и продуценкта Peggy Gou беше главната ѕвезда во Апулија во Италија, како дел од нејзината соработка со Coke Studio, каде што ја промовираше нејзината последна песна „Find the Way“. Настанот беше вистинска прослава за музиката, културата и креативноста, спојувајќи го пулсот на електронската музика со прекрасната природа и архитектура на јужна Италија.

Позната по нејзиниот талент да комбинира хаус, техно и диско, Gou имаше прекрасен настап што го истакна нејзиниот уникатен пристап кон музиката.

Настанот беше дел од иницијативата на Coke Studio да собира на едно место различни музички таленти од целиот свет, истакнувајќи ја важноста на мешањето на културите. Прекрасната Апулија и историскиот шарм на јужна Италија беа одлична локација за промоцијата, каде што присуствуваа музички фанови од целито свет. Интимната, но енергична атмосфера одлично го отсликаа динамичниот звук на Gou  и мисијата на Coke Studio да создава искуства кои ги надминуваат границите.

„Find the Way“ го покажува талентот на Peggy Gou да еволуира, притоа задржувајќи го својот печат, обединувајќи ја носталгијата со свежи и модерни звуци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни