„Русија продолжува да ги таргетира цивилите, цивилната инфраструктура, странските дипломатски мисии, а неодамна дури и ја нападна нашата соседна земја, Полска“, истакна Павел.
Тој предупреди дека „руската агресија“ се заканува на меѓународниот поредок заснован на почитување, рамноправно партнерство и правила кои сите треба да ги почитуваат.
Според него Русија, со поддршка од Кина, Иран, Северна Кореја и други држави, не само што продолжува да ја шири својата сфера на влијание, туку и ги заобиколува санкциите.
Павел упати апел до меѓународната заедница да не дозволи агресијата да помине неказнето.