Глумачките ансамбли во Србија најавија протести по белградските улици во вторник на 11 февруари, кога ќе се соберат пред Храмот Свети Сава во 12:30 часот и со 15-минутен молк ќе оддадат почит на жтрвите од Нови Сад.
Потоа, тие ќе тргнат во правец кон Белградското драмско позориште, а потоа кон Булеварот крал Александар.
Пред Петата белградска гимназија, ќе им се придружи и Театарот „Душко Радовиќ“ и глумачкиот ансамбл на Атеље 212.
На Плоштадот на Републиката ќе им се приклучат и Народно позориште, како и театарот „Бошко Буха“, а поворката ќе продолжи низ Коларчева улица, за да им се приклучат и од актерите од Театарот на Теразија, по што ќе се упатат кон Југословенското драмско позориште.
Поворката потоа ќе се упати кон Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања, пред кое ќе се одржи 15-минутна тишина.
„Ги повикуваме сите колеги и соработници, колеги од независната сцена, колеги од музеите и галериите, колеги од филхармонијата, граѓаните и, секако, оние од кои започна будењето – студентите“, порачаа тие.
Од утре, 10 февруари, во седумдневен штрајк ќе влезат глумачките ансамбли на белградските театри – Народно позориште во Белград, Атеље 212, Белградското драмско позориште, Театарот„Бошко Буха“, Мало позориште „Душко Радовиќ“, Театарот на Теразије, Југословенско драмско позориште, како и Драма Српскиот народен театар од Нови Сад, вработените од Театарот за млади, Нови Сад, мнозинството колективи од Новосадскиот теататр, ансамблот на Народниот теататр во Сомбор и Народниот театар „Тоша Јовановиќ“ во Зрењанин.