Во рамки ЕХО Фестивал на планински филм, ќе биде прикажан филмот „Патот на Тони“ на Антонио Бокола. Филмот ќе биде дел од „италијанскиот“ понеделник – 21 октомври, во Кинотека, кога ќе бидат прикажани и други италијански филмови, презентација, како и изложба.
„Во рамките на нашиот фестивал, повеќе пати низ годините, сме имале филмови со кои се споделува приказната, а преку тоа и им се оддава почит на луѓе, кои оставиле силен белег во светот на планинската култура во минатото. И оваа година имаме неколку такви, а меѓу нив и филмот за Тони Гоби. Описот за филмот не може да биде поедноставен, но ветуваме дека ви споделуваме приказна за човек чија животна приказна, обликувана од планините – е комплексна, моќна и инспиративна:„Патот на Тони“ е документарен филм кој ја раскажува животната приказна за Антонио, познат како Тони, Гоби (1914-1970) – познат италијански алпинист и планински водич. Ова е универзална приказна за човек кој ја следи својата пасија за планините со визија и посветеност, која станува потоа негов живот и која остава белег кој опстојува веќе подолго од 50 години“ велат од ЕХО Фестивал.