Патник на лет за Тексас се обидел да ги отвори вратите од авионот

Јапонски авион кој летал од Токио до Тексас бил принуден да слета поради патник кој се обидел да ги отвори вратите за време на летот.

Авионот на компанијата All Nippon Airways (ANA) бил пренасочен кон Сиетл неколку часа по полетувањето, поради, како што соопшти компанијата, „непослушен патник“, пренесува BBC.

Полицијата во Сиетл соопшти дека мажот, чиишто идентитет не е објавен, доживеал медицинска криза, поради што бил совладан од екипажот и неколку патници. Тој е префрлен во болница, а засега не е познато дали ќе се соочи со обвиненија.

Според податоците за летот, авионот пристигнал на својата дестинација – аеродромот Џорџ Буш во Хјустон, но со четири часа доцнење.

Ова е само последен во низата слични инциденти.

Во април, авион на компанијата Jetstar од Бали кон Мелбурн беше принуден да слета, откако патник на сличен начин се обидел да ја отвори вратата во воздух.

Во ноември 2023 година, девет патници на Asiana Airlines завршија во болница со потешкотии при дишењето, откако маж успеа да ја отвори вратата за итен излез непосредно пред слетувањето на јужнокорејски аеродром.

Во друг случај, исто така во ноември, патници на American Airlines со селотејп го врзаа маж кој се обидувал да ја отвори вратата од авионот за време на лет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни