Надоместокот на лицата кои влегуваат во земји од Европската Унија, а се однесуваат за Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS), чиј почеток на примена се очекува крајот на 2026 година, ќе изнесува 20 евра, наместо претходно најавените седум, јавува Anadolu.
Европската комисија кон крајот на неделата ја најави новата цена за патниците од земји надвор од ЕУ кои не треба да имаат виза за влез во 30 европски земји.
„Ова зголемување има за цел покривање на оперативните трошоци на ETIAS, земајќи ги предвид сите негови функционалности и стапки на инфлација, како и усогласување на надоместокот на Европската унија со надоместоците во други земји кои имаат слични програми за авторизација на патувања“, соопшти ЕК.
Системот ETIAS е создаден за да им го олесни патувањето во Европската унија на државјаните од земји надвор од ЕУ кои се ослободени од визен режим, а истовремено да ја подобри безбедноста, велат од Европската комисија. Патниците ќе треба да пополнат онлајн пријава пред патувањето, давајќи лични податоци. Пријавата ќе се обработува автоматски, а одлуката ќе се добива во рок од неколку минути, пренесува Fenix Magazin.
Лицата помлади од 18 и постари од 70 години ќе бидат ослободени од плаќање на надоместокот.
За одлуката треба да се изјаснат Европскиот парламент и Европскиот совет, а ќе стапи на сила кога ETIAS ќе почне да функционира.
Системот ETIAS ќе започне со работа крајот на 2026 година. Новиот надоместок од 20 евра за ETIAS ќе обезбеди подобрена безбедност и ефикасност на патувањата во ЕУ, при што најранливите групи ќе бидат ослободени од плаќање. Со оваа мерка, Европската Унија ја усогласува својата политика со светските стандарди, овозможувајќи побезбеден и поедноставен пристап за патниците од земји надвор од ЕУ. Системот ETIAS ќе почне да функционира крајот на 2026 година, откако ќе добие зелено светло од Европскиот парламент и Советот.