Патници ја тужат CrowdStrike поради одложени или откажани летови

Фото: Benson Kua/Flickr

 Здружение на патници во понедленикот поднеле тужба против американската компанија за сајбер безбедност CrowdStrike, барајќи оштета за одложените и откажани летови поради проблематичното ажурирање на програмата за заштита од хакерски напади, што ги сруши ИТ системите низ светот.

Ова е продолжение на правните проблеми на компанијата, откако на средината на минатиот месец тие предупредија дека нивната апликација Falcon Sensor за заштита од хакерски напади го руши оперативниот систем Windows, што на екраните на компјутерите се карактеризира со „Син екран на смртта“.

Во тужбата, поднесена во сојузниот суд во Остин се наведува дека компјутерските системи биле срушени поради невнимание на CrowdStrike при тестирањето и активирањето на софтверот.

Многу патници, во обид да стигнат до својата дестинација, потрошиле стотици долари на сместување, оброци и алтернативен пренос, а некои пропуштиле и важни работни состаноци или имале здравствени проблеми бидејќи биле приморани да спијат на под во аеродромите.

CrowdStrike би требало да плати компензација и казнена отштета на сите патници чии лет бил прекинат, сметаат тужителите, утврдувајќи дека падот на системот можел да биде предвиден.

Во својот одговор, CrowdStrike наведува дека тужбата нема основа и дека ќе се бранат против истата.

Американската компанија Delta Airlines објави дека би можеле да започнат правна постапка против CrowdStrike поради откажувањето на повеќе од шест илјади летови и загуби од 500 милиони долари.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни