Патнички брод удри во мост во Баварија

Кабината на кормиларот била превисока, поради што удрила во мостот, предизвикувајќи значителна штета а за среќа нема повредени лица

Патнички брод со 137 лица удрил во мост на каналот Мајна-Дунав во сојузната покраина Баварија во јужна Германија, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила доцна во петокот навечер, кога бродот се приближувал кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.

Кабината на кормиларот била превисока, поради што удрила во мостот, предизвикувајќи значителна штета, соопшти полицијата.

Нема повредени меѓу екипажот и 137 патници.

Полицијата процени дека материјалната штета би можела да достигне до сто илјади евра.

На бродот засега не му е дозволено да продолжи со своето патување, изјави портпаролот на полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни