Патентот кој го промени светот – Првиот автомобил на Карл Бенц

Карл Бенц со своите иновации и визија го трансформираше концептот на транспортот, поставувајќи темели за модерната автомобилска индустрија. Дваесетина години подоцна, неговите иновации ќе ги подобри Хенри Форд, кој ќе ги направи автомобилите достапни за пошироките слоеви на општеството.

На 29 јануари 1886 година, Карл Бенц поднел патент за својот „моторен трцикл со погон на гас“, што се смета за датум кога е роден автомобилот.

Карл Бенц, германски инженер роден на 25 ноември 1844 година во Карлсруе, е едно од најважните имиња за историјата на автомобилската индустрија. Неговата страст кон механиката и инженерството го довела до создавање на првиот практичен автомобил, поставувајќи темели за модерната автомобилска индустрија.

Пионер на автомобилската индустрија
Во 1885 година, Бенц го завршил својот прв автомобил, познат како Benz Patent-Motorwagen. Овој трицикл имал лесен челичен рам, диференцијал и три тркала со метални жици. Погон на возилото обезбедувал херизонтално поставен едноцилиндричен четиритактен мотор поставен на задната страна, со излезна моќ од 0,75 КС (0,55 kW). Иновативните елементи вклучувале автоматски усисен вентил, контролиран издувен вентил, високофреквентен електричен систем за запалување со свеќичка и ладење преку термички сифони.

Benz Patent-Motorwagen
По поднесувањето на патентот за својот „моторен трцикл со погон на гас“ на 29 јануари 1886 година, Бенц во јули истата година јавно го претставил своето возило, што предизвикало големо интересирање во јавноста. Иако почетниот скептицизам бил присутен, овој настан означил пресвртница во историјата на транспортот.

Прво возење од 180 километри
Во 1888 година, сопругата на Бенц, Берта, го направила првото долго возење на автомобилот во историјата, патувајќи со нивните синови од Манхајм до Пфорцхајм и назад, вкупно околу 180 километри. Оваа храбро авантура ја демонстрирала практичноста на моторното возило и допринела за неговото популаризирање.

Карл Бенц продолжи со иновациите
Бенц не застана на овие иницијални успеси. Во 1893 година, го патентирал системот за двојно зглобно управување, со што го решил еден од клучните проблеми на раните автомобили. Неговиот модел Victoria од таа година бил првото возило со овој систем, додека моделот Velo од 1894 година станал првото сериски произведено возило со околу 1200 произведени единици.

Во 20. век, го патентирал и првиот автобус: Benz bus
Во 1897 година, Бенц развил „контра-мотор“ со цилиндри поставени еден спроти друг, што означило раѓање на боксер мотори. Овој мотор, поставен на задната страна на возилото, развивал до 16 КС (12 kW) во различни верзии, овозможувајќи значително подобрени перформанси на возилата.

Карл Бенц со своите иновации и визија го трансформираше концептот на транспортот, поставувајќи темели за модерната автомобилска индустрија. Дваесетина години подоцна, неговите иновации ќе ги подобри Хенри Форд, кој ќе ги направи автомобилите достапни за пошироките слоеви на општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни